Подгответе ја оваа вкусна и здрава органска чоколада без адитиви и шеќер, и искористете ја и како прелив за вашиот омилен колач или за подготовка на здрави слатки.
Оваа чоколада не содржи адитиви, конзерванси и шеќер кои се наоѓаат во купеното чоколадо за готвење.
Потребни состојки:
- 4 супени лажици какао
- 2 супени лажици кокосово масло
- 1-2 супени лажици мед
- прстофат сол
Начин на подготовка:
Во сад помешајте ги сите состојки дури не добиете хомогена смеса.
Од оваа чоколада можете да подготвите здрави бомбици, доколку во неа додадете по желба малку јаткасти плодови, кокос и овесни снегулки.
Исто така може да ја искористите како прелив за вашиот омилен колач.
Може да направите и чоколадни плочки употребувајќи различни форми на калапи. Како алтернатива на калап искористете го садот за правење лед, така што ќе направите чоколадни коцки. Во секоја коцка ставете по еден лешник или бадем и израдувајте ги најблиските! 🙂 Пред да ги послужите, ставете ги во фрижидер да се стегнат околу 30 минути.
Повеќе рецепти за здрави десерти можете да пронајдете тука.








