Home Рецепти Здрави десерти Здрава орео торта која не се пече

Здрава орео торта која не се пече

5
1

Оваа здрава торта е една од највкусните и задолжително морате да ја пробате. Се подготвува едноставно и брзо, не се пече и нема да ви одмеземе премногу време. Сите состојки кои се користат се здрави и непроцесирани.

Потребни сосотјки: 

за орео кората:

  • 300 g урми (киснати во вода миниму 1 час)
  • 200 g кокосово брашно
  • 1-2 супени лажици какао или рогач

за филот:

  • 3-4 замрзнати банани
  • 150 g индиски ореви (киснати во вода минимум 1 час)
  • малку ванила вкус (по желба)
  • 1 супена лажица мед (по желба)
  • 3-4 урми насечкани на ситни парченца

Начин на подготовка:

За да ја подготвите кората потребните сосотјки ставете ги во сецко и мешајте 3-4 минути дури  не добиете убава хомогена и леплива смеса.

За подготовка на филот во бледнер ставете ги бананите, индиските, ванилата и медот и мешајте дури не добиете убав и густ крем. На крај додајте ги парченцата урми. Медот и ванилата доколку не сакате, немора да ги додавате бидејќи бананите се доволно благи за да му дадат благ вкус на филот.

Смесата за кората поделете ја на два дела и едниот дел убаво натапкајте го во калап за торта, врз него истурете го кремот и ставете го во замрзнувач неколку часа дури кремот убаво не замрзне. Потоа другата половина од кората ставете ја врз филот и убаво натапкајте…

Тортата е готова…. 🙂

За да ви ја олесниме работата и да мотивираме да ја подготвите, погледнете го видеото подолу.

1 COMMENT

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here