Home Рецепти Здрави десерти Здрава торта со киви, банана и чоколаден прелив

Здрава торта со киви, банана и чоколаден прелив

227
0

И оваа торта испадна сосема случајно од тоа што имав во кујната. За да ја добијам кората искористив неколку здрави намирници. Помеѓу ставив еден ред овошје, и тоа кругови банана и кива. Преливот одозгора е чоколаден.

За вкусот нема да коментирам, доколку се решите да ја направите ќе се уверите. 🙂

Потребни состојки (за кората):

  • 1 лажица сусам
  • 1 лажица чиа семе
  • 1 лажица ленено семе
  • 7-8 лажици интегрално брашно
  • 100 g мелени лешници
  • 50 g брусница
  • ½ прашок за пециво
  • 1 чаша бадемово млеко (тука пронајдете рецепт како да го направите)
  • 15 урми (киснати во вода половина час)
  • 1 јајце
  • 1 лажица стопено на пареа кокосово масло (може да се замени со путер или маслиново масло)
  • малку рум (по желба).

Потребни состојки (за фил):

  • 1 банана
  • 1 кива
  • 100 g црно чоколадо со 70% какао
  • 1 лажица кокосово масло (и овде може да го замените со путер или кокосово масло)
  • 1 лажица овесни снегулки (за декорација одозгора).

Доколку сакате наместо чоколадото, можете да си подготвите сами здрава органска чоколада без адитиви и шеќер, рецептот пронајдете го тука.

Начин на подготовка:

За да ја подготвите кората прво измешајте ги во еден сад сувите делови (сусам, чиа семе, ленено семе, интегрално брашно, мелени лешници, брусница и прашок за пециво). Во блендер ставете ги јајцето, урмите, бадемовото млеко и румот и убаво измешајте. Додадете ја течната смеса на сувата, и убаво соединете. На крај додадете го кокосовото масло и повторно уште еднаш измешајте. Смесата ставете ја во правоаголен плех обложен со хартија за печење и печете ја 20 минути на температура од 180°С.

Кога ќе биде готова извадете ја и одлепете ја хартијата. Потоа со нож поделете ја на две половини. На едната половина наредете кругови банана и кива како на сликата подолу. Потоа другата половина ставете ја одозгора.

Над сад во кој врие вода ставете друг сад и ставете ја чоколадата заедно со 1 лажица кокосово масло, и мешајте дури убаво не се растопи. Потоа истурете ја смесата и размачкајте ја убаво одозгора. За декорација наросете овесни снегулки. Постапката на подготовка можете да ја видите и на сликата подолу.

Оставете ја тортата во фрижидер да се стегне. Од оваа количина намирници ќе се добијат околу 8 парчиња торта.

На здравје! 🙂


Повеќе идеи за здрави десерти пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here