Лешници, вишни и мед, одлична комбинација на вкусови со кои не можете да погрешите. Ако во замрзнувачот имате кесичка со замрзнати вишни, ова е право време да ги искористите, а и ако немате, можете да купите во секој подобро снабден маркет. Подгответе ја оваа едноставна, здрава, сочна и слатка торта и уживајте во прекрасниот и богат вкус заедно со топла чаша чај.
Потребни состојки:
- 6 супени лажици кокосово масло или путер
- 100 g интегрално брашно (како безглутенска варијанта употребете оризово брашно)
- 120 g мелени лешници
- 1 мала лажичка прашок за пециво
- 1/2 лажичка куркума
- 2 јајца
- 100 ml јогурт
- ванила вкус (прав или течност, по ваша желба)
- 150 g замрзнати вишни
- 4 супени лажици мед
- 2 супени лажици сок од портокал
- прстофат сол
- кокосово брашно и ленено семе (по желба, за декроација)

Начин на подготовка:
- Во подлабок сад измешајте ги брашното, мелените лешници, прашокот за пециво, солта и кукркумата.
- Во друг сад помешајте ги јајцата и медот.
- Потоа во садот со јајцата и медот, додадете го јогуртот и ванилата и убаво измешајте.
- На пареа истопете го кокосовото масло или путерот и додадете го на течната смеса.
- Пота измешајте го сувиот дел со течниот.
- На крај кога ке добиете убава и хомогена смеса истурете ја смесата на хартија за печење во соодветен сад за печење.
- Вишните измешајте ги со малку мед и истурете ги одозгора рамномерно на сите страни.
- Печете ја тортата околу 30 минути на 180°С.
- Кога тортата ќе се испече прелијте ја одозгора со сокот од портокал.
- Доколку сакате по желба, наросете одозгора со кокосово брашно и малку ленено семе.
Добар апетит!








