Home Исхрана Здрави вегански лазањи со тиквица и компири

Здрави вегански лазањи со тиквица и компири

4
0

Кој рече дека лазањите не се здрави и дека се многу калорични?

Епа можат да бидат многу здрави и не толку калорични. А за токму такви лазањи денес имаме специјален рецепт.

Потребни состојки за 4 лица:

  • 2 поголеми тиквици
  • 3-4 поголеми компири

за црвен сос:

  • 1 главица кромид
  • 1 морков
  • 1 пиперка
  • 200 ml доматно пире
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку сол и црн бибер
  • 1/2 лажичка босилек

за бел бешамел сол:

  • 100 g несолени индиски ореви киснати во вода 1 час
  • 2 лажици маслиново масло
  • 3-4 лажици бадемово млеко или вода
  • 2-3 чешниња ситно сецкан лук
  • малку сол и црн бибер.

Начин на подготовка:

Првин излупете ги компирите и заедно со тиквицата насечкајте ги на тенки кругови.

Црвен сос: Ситно насечкајте ги морковот, кромидот и пиперката и на маслиново масло пропржете ги дури не омекнат, потоа додадете го доматното пире и оставете на тивко дури не се добие густа содржина. Потребно е водата од доматното пире да испари. На крај зачинете со сол, бибер и босилек.

Бел сос: Киснатите индиски ореви ставете ги во блнедер/сецко заедно со маслиновото масло, бадемовото млеко, лукот и зачините и мешајте дури не добиете густа и еднолична смеса која наликува на мајонез.

На крај во правоаголен сад започнете со редење на лазањите. Првин попрскајте малку маслиново масло и наредете еден слој компири, врз него ставете половина од црвениот сос, врз црвениот сос ставете еден ред тиквички, а врз тиквичките ставете половина од белиот сос. Повторете ја постапката уште еднаш и на крај завршете со мешавина од компири и тиквици. Наросете со сол и бибер и малку масло и ставете да се пече во загреана рерна на 200°С околу 1-1.5 час. Проверувајте од време – на време да не загори.

На здравје ручек!!!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here