Крцкави, благи, но здрави…брзи за подготвка, а одлични за десерт или ужинка.
Да не должиме многу еве го рецептот 🙂
Потребни состојки:
- 1 јајце
- 40 g кокосово масло или путер
- 1 мала лажичка ванила
- 60 g мед
- 150 g интегрално пченично брашно (како безглутенска варијана може да се користи оризово брашно)
- 50 g ленено семе (половината нека биде мелено, другата половина цело зрно)
- прстофат сол
- 1/2 лажичка прашок за пециво
- 50 g сува брусница

Начин на подготовка:
- Првин измешајте ги во подлабок сад сувите делови: брашното, прашокот за пециво, ленот, солта и брусницата.
- Во друг сад измешајте го јацето, медот, ванилата и кокосовото масло или путер кои претходно сте го стопиле на пареа.
- Соединете ги двете смеси и убаво измешајте.
- Со лажица на хартија за печење во сооветен сад формирајте мали топчиња (бидејќи смесата е леплива нема да се формираат правилни фигури).
- Печете ги колачињата на температура од 180°С околу 20-тина минути.
Добар апетит!








