Home Рецепти Здрави десерти Здрави чоко топчиња со ореви

Здрави чоко топчиња со ореви

5
0

Листата на рецепти за подготовка на здрави благи десерти секој ден се повеќе и повеќе ја зголемуваме. Што мислите за нашите слатки и здрави чоколадни залчиња?

Одлична комбинација на вкусови која освојува веднаш!

Ова се потребните состојки за 20-тина топчиња:

  • 100 g непечени индиски ореви
  • 100 g ореви
  • 5-6 суви урми
  • 1 супена лажица кокосово масло или путер
  • 1 супена лажица какао
  • 50 g суви сливи
  • 50 g темно чоколадо
  • 2 супени лажици рум

Начин на подготовка:

Оревите и индиските ореви ситно сомелете ги во мултипрактик или во сецко. Додадете ги насечкани на ситни парченца сувите урми и сувите сливи и продолжете со мешање во мултипрактикот. Кокосовото масло и чоколадото истопете ги на пареа и додадете ги на смесата, потоа додадете го и какаото и румот и мешајте уште 2-3 минути.

Со рацете формирајте топчиња и валкајте ги во какао, кокос или нешто слично по ваша желба. Чувајте ги во фрижидер.

Овие топчиња се одлични како здрава ужинка во текот на денот, но бидете внимателни и не јадете повеќе од 2 затоа што иако се здрави содржат многу калории поради јаткастите плодови кои ги содржат. Во просек секое топче содржи околу 100 калории.

Повеќе рецепти за здрави десерти пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here