Home Исхрана Здраво богато пченкарно лепче

Здраво богато пченкарно лепче

5
0

Одлично богато пченкарно лепче кое може да се вклопи во секој оброк. Овесните снегулки можете да ги замените со некое друго безглутенско брашно и да добиете безглутенско пченкарно лепче.

Можете да го комбинирате и за појадок со чаша јогурт.

Потребни состојки:

  • 1 чаша пченкарно брашно
  • 1 чаша мелени овесни снегулки (ги ставате во блендер дури не се направат брашно)
  • ½ чаша оризово брашно
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1 чаша јогурт
  • 3 јајца
  • малку сирење по желба
  • за одозгора семиња по желба (сусам, лен, семки од тиква или сончоглед).

Начин на подготовка:

Најпрвин во еден подлабок сад измешајте ги сувите делови (пченкарното брашно, овесните снегулки, оризовото брашно и прашокот за пециво). Во друг сад изматете ги јајцата заедно со јогуртот и на крај додадете го сирењето изрендано или насечкано на ситни парченца. Соединете ги двете смеси и истурете го лебот во правоаголен сад за печење леб обложен со хартија за печење. Печете го лепчето на температура од 200°С околу 20-тина минути, но проверувајте, потребно е да добие одозгора златно жолта боја.

2-3 минутки пред да биде готово, извадете го лепчето и наросете го со семињата и вратете пак во рерна уште 2-3 минутки.

Добар апетит!

Рецептот и сликите за ова прекрасно лепче ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here