Искористете ги здравствените придобивки од јаболковиот оцет!

Споделете со пријателите

Јаболковиот оцет се користи во исхраната веќе илјадници години. Неговата популарност е оправдана затоа што содржи околу 90 различни хранливи состојки, вклучувајќи: калиум, магнезиум, железо, бакар, натриум, витамин А, Е и Б, органски киселини, пробиотици, пектини и др.

Со толку богат хранлив состав, воопшто не е чудно што јаболковиот оцет има толку многу здравствени придобивки. Тој делува антивирусно, антибактериски, антигабично, но исто така помага и во елиминирање на штетните токсини од телото.

Здравствени придобивки од употреба на јаболковиот оцет во секојдневната исхрана:

→ го подобрува варењето и помага кај оние луѓе кои имаат потешкотии со празнењето на цревата

→ го намалува нивото на шеќер во крвта

→ ги ублажува симптомите на алергија

→ ги ублажува симптомите на главоболка и грип

→ успешно помага во третирање на кожни болести како акни, егземи и сл.

→ го намалува високиот крвен притисок

→ ги ублажува болките во зголобоите предизвикани од артритис

→ ја поттикнува апсорпцијата на хранливите материи од цревата

→ го прочистува телото од токсини

→ помага во намалување на тежината

→ го зголемува нивото на енергија

→ го забрзува растот на косата.

vinegar-and-apples

Јаболковиот оцет несомнено има многу придобивки за здравјето, во прилог на тоа неколку практични совети:

  • Додадете 2 лажици јаболков оцет во чаша вода и пијте 3 пати на ден за ублажување на симптомите на настинка и главоболка.
  • Во чаша со вода помешајте 2 лажици јаболков оцет и пијте на гладен стомак пред ручек против сезонски алергии.
  • Помешајте јаболков оцет и неколку капки кокосово масло и со памукче поминете го местото каснато од инсект (оцетот ќе го намали воспалението, чешањето и отокот).
  • Јаболковиот оцет ја нормализира рН вредноста во телото. Пијте наутро на празен стомак чаша млака вода со 1 супена лажица јаболков оцет.
  • Ако сакате да ги избелите забите, измијте ги со јаболков оцет, а потоа исплакнете ги со млака вода.
  • Ослободете се од лошиот здив со помош на јаболков оцет. Во чаша вода додајте 1/2 лажица јаболков оцет, па потоа убаво исплакнете го грлото.
  • Помешајте јаболков оцет со вода во однос 50:50, ставете го во шише со распрскувач и искористете го за дезинфекција и чистење во домот.
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *