Home Исхрана Зеленчукова крем супа со печурки

Зеленчукова крем супа со печурки

5
0

Ова е одличен предлог за лесна вечера.

Потребни состојки (за 2 порции):

  • 250 g шампињони
  • 1 китка брокула (околу 150 -200 g)
  • 1 китка карфиол (околу 150 – 200 г)
  • 1/ 2 тиквичка
  • околу 600-700 ml вода
  • 1 лажица маслиново масло
  • малку магдонос
  • малку хималајска сол, црн бибер и зачини по желба.

Начин на подготовка:

Брокулите, карфиолот и тиквиката насечајте ги на ситни парченца, ставете ги во тенџере и прелијте ги со водата. Оставете ги да се варат на тивко и убаво да омекнат.

Во тавче што не лепи ставете го маслиновото масло и во него пропржете ги печурките. Потребно е убаво да заруменат.

Кога зеленчукот ќе омекне земете рачен блендер и убаво испасирајте. Ако немате рачен блендер, претурете ја содржината во обичен. На крај, вратете ја содржината во тенџерето и истурете ги во неа пропжените печурки. Додадете малку хималајска сол, црн бибер, зачини по желба и малку свеж магдонос.

Уживајте!!!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here