Home Здравје 5 начини како да го направите кафето поздраво

5 начини како да го направите кафето поздраво

5
0

Дали и вие денот го започнувате со шолја кафе?

Иако повеќето нутриционисти советуваат кафето да не се пие на гладен стомак, сепак повеќето луѓе го прават токму спротивното. Кофеинот од кафето е природен стимуланс кој навистина ни ги отвара очите и не прави поенергични, но доколку претераме со него, ефектот е спротивен. Најдобро е да го консумирате кафето во разумни количини (2 кафиња дневно). Исто така немојте да пиете кафе после 15 часот, затоа што кофеинот може да ви го наруши сонот. Периодот на полу елиминација на кофеинот од телото е околу 7 часа, така што концентрацијата на кофеин која сте ја внеле во телото после 7 часа ќе опадне на половина.

Сепак и кафето може да биде здраво доколку го направиме такво. Во продолжение ви нудиме неколку совети како да го сторите тоа.

1) Не додавајте шеќер и засладувачи во кафето

Ако пиете по 2-3 кафиња во текот на денот, замислете колкава количина на шеќер внесувате во телото. Следниот пат размислете два пати дали ќе ја додадете таа мала лажичка шеќер што навидум изгледа многу малку, иако не е  така. Доколку навистина не можете да пиете горко кафе, додадете мед наместо шеќер.

2) Не додавајте млеко и разни млечни кремови

1 лажичка полномасно млеко навистина е многу мала количина, но пред да го помислите тоа замислете дека таа лажичка ја консумирате секој ден и тоа по неколку пати во текот на денот. Тоа се само дополнителни калории кои навистина не ви се потребни.

3) Наместо полномасно млеко додадете бадемово млеко

Ако навистина ви е тешко да пиете црно кафе без млеко, тогаш заменете го млекото со бадемово млеко. Една чаша бадемово млеко содржи само 39 калории што е помалку од половина споредено со калориите кои ги содржи кравјото млеко. Дополнително, бадемовото млеко е одличен извор на витамин Б1, витамин Б2, витамин Е и магнезиум.

Ќе ве интересира: Зошто бадемовото млеко е толку здраво и како да го подготвите.

4) Додадете цимет во кафето

Циметот ќе му даде одлична арома и вкус на вашето кафе, но освен тоа ќе го направи и многу поздраво. Циметот содржи полифеноли кои во телото имаат ефект сличен на ефектот на инсулинот, така што помага во контрола на покачениот шеќер во крвта. Тоа е значајно за дијабетичарите и тоа и за оние кои имаат дијабетес тип I, но и за оние кои имаат дијабетес тип II.

5) Додадете во кафето 1 мала лажичка кокосово масло

Кокосовото масло ќе го направи вашето кафе побогато и покалорично, но имајте во предвид дека тоа се добри калории. Придобивките од секојдневното консумирање по една мала лажичка кокосово масло се огромни. Ова масло ја зголемува одбранбената способност на организмот, го зголемува нивото на HDL холестеролот, има неверојатна моќ врз функционирањето на тироидната жлезда, а исто така помага во подобро функционирање на целокупниот кардиоваскуларен систем.  Кокосовото масло многу лесно се апсорбира и содржи помалку калории од другите билни масла. Посебно е ценето поради тоа што дава чувство на ситост и го забрзува метаболизмот.

На здравје утринско кафе!!!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here