Здравиот начин на исхрана е како математика: одземање масти, броење калории, делење порции.. но, исто така важно е и кои наминици ќе ги јадете заедно, бидејќи речиси секоја намирница има некоја комплементарна на себе која помага да се искористат нејзините својства.

Семки од сончоглед и корнфлекс
Семките од сончоглед во комбинација со корнфлекс за појадок обезбедуваат 100% од дневните потреби за алфа-токоферол, најактивниот облик на витамин E, кој како антиоксиданс, ги штити клетките од дејството на слободните радикали.
Кајгана и црвена пиперка
Оваа комбинација е вкусна и корисна затоа што ги задоволува дневните потреби на витамин Ц. Истражувачите од Велика Британија дошле до заклучок дека жените кои конзумираат повеќе витамин Ц имаат помалку брчки и кожата не им е сува. Дополнително јајцата како полновредни намирници ќе ви овозможат внес на протеини и здрави масти.
Седвич и спанаќ
Во било кој сендвич доволно е да ставите три листови свеж спанаќ и да обезбедите 20% од потребите за витамин А, кој придонесува за подобар вид. Дополнително спанаќот како и сите темно-зелени зеленчуци е богат со фолна киселина која овозможува правилна делба и регенерација на клетките.
Зелена салата и лосос
Вашата домашна салата збогатете ја со парче лосос и ќе внесете половина од неделните потребни количини на омега-3 масните киселини. Овие киселини придонесуваат за здрав мозок и здраво срце.
Вода и незасладен сок од брусница
Незасладениот сок од брусница спречува настанување на бактеријата стрептокока, која е една од главните одговорни бактерии за настанување и на кариес. Освен тоа, овој сок е одличен за формирање на глеѓ на забите. Водата е одлична за да го растворите неговиот вкус.
Безмасен јогурт и јагоди
Јогуртот збогатето го со замрзнати јагоди, малку мед и половина банана и ќе добиете вистински овошен јогурт. Наместо да купите веќе готов од продавница, направете ја оваа комбинација и избегнете ги непотребните шеќери и калории.
Тестенини и магдонос
Во било кој тип на варени тестенини додадете малку магдонос и задоволете ги дневните потреби за витамин К, кој е важен за коските.
Кисела вода и сок од грозје
Сокот од грозје содржи фитохемикалии по име резвератрол, кој го има во лушпата на црното грозје. Оваа состојка го намалува крвниот притисок и спречува згрутчување во крвта.








