Убаво си поминавте вечерта, но следното утро подобро и да не доаѓа или некако да можете да прескокнете преку него. Првите денови од годината се асоцијација за журки и излегувања, но последователно на тоа и многу мамурливи утра. Сигурно и вие многу пати до сте сте си рекле “Веќе никогаш нема да пијам”, но тоа важи само до следната журка која можеби е и за два дена или веќе следниот викенд.
Но, како и да е мамурлукот е тука и тоа што можеме да направиме е да употребиме некои од триковите за мамурлук и да пробаме да го победиме. Еве една интересна и лесна рецепта за подготвка на смути против мамурлук.
Потребни состојки:
- 150 g боровинки (замрзнати ќе ги најдете во секој подобро снабден маркет)
- 1/2 банана
- 1 лажичка чија семе
- 50 ml нискомаслен јогурт
- 150 ml кокосова вода/млеко (рецепт)
- малку мед (по желба)
Сите состојки ставете ги во блендер и измешајте убаво дури не добиете густа и еднолична смеса.
Ова смути е одличен појадок за утрото после “бурна” ноќ, ќе ве освежи и ќе ве наполни со енергија. Исто така не заборавјте да пиете и многу вода. Алкохолот го дехидрира телото и главоболката која се јавува многу пати е резултат на дехидрација.
Можеби ќе ве интересира: Дали знаете колку калории содржи вашиот омилен алкохолен пијалок?








