Home Здравје Сончогледови или семки од тиква – кои се поздрави?

Сончогледови или семки од тиква – кои се поздрави?

18
0

Покрај житариците, јаткастите плодови, овошјето и зеленчукот и семињата спаѓаат во групата на здрави намирници кои имаат многу позитивни ефекти врз здравјето. Употребата на семките од тиква и сончоглед во исхраната во последните неколку години е многу застапена, а сето тоа се должи на нивниот богат и хранлив состав. Но, дали сте се запрашале кои семки се поздрави сончогледовите или семките од тиква? Прочитајте за тоа повеќе во продолжение.

Што содржат семките од тиква и сончоглед и зошто се здрави?

Семките од тиква покрај тоа што се многу вкусни, многу поволно влијаат на варењето на храната и полесно празнење на цревата. Многу клинички студии го потврдиле позитивниот ефект на семките од тиква кај зголемена простата. Семките од тивка се добар извор на омега-3 масни киселини, протеини, триптофан, магнезиум, калциум, калиум,  железо, цинк и витамин К. Повеќе за здравствените придобивки од семките од тиква погледнете на видеото.

https://www.youtube.com/watch?v=VV_Rx23EGr0

Семките од сончоглед се одличен извор на витамин Е, кој помага за намалување на холестеролот во крвта и одржување на кардиоваскуларното здравје. Сончогледовите семки ја зголемуваат концентрацијата и благотворно делуваат врз изгледот на кожата и косата. Тие исто така се препорачуваат и доколку имате проблеми со несоница. Повеќе за здравствените придобивки од сончогледот погледнете на видеото.

Сончогледови или семки од тиква?

Доколку би требало да бирате помеѓу овие два типа на семки, подобро е да ги изберете семките од тиква затоа што споредено со сончогледовите семки сепак овие семки се побогати со омега-3 масни киселини. Иако и сончогледот и семките од тиква содржат фитостероли и витамин Е, сепак содржината на фитостероли во семките од тиква е поголема.

Во секој случај и двата типа семки се здрави и би требало да бидат составен дел од исхранта. Сепак бидете внимателни затоа што можат да предизвикаат енергетски суфицит и добивање на тежина поради високата содржина на масти и калории.

Ќе ве интересира: Табела со нутритивни и калориски вредности на најупотребуваните семиња и јаткасти плодови во исхрана.

За убав почеток на денот подгответе си здрава мешаавина од семиња со мед. Рецептот пронајдете го овде.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here