Со неколку трикови до рамен стомак

Споделете со пријателите

Сезоната на летните одмори започна. Секој од нас сака да изгледа добро и самоуверено не само во својот костим за капење, туку и во лесната летна облека. Проверете како, со помош на неколку совети, може да имате рамен стомак. Овие совети ќе ви помогнат да се ослободите од надуеноста во стомакот и да се чувствувате добро.

1. Јадете во одреден час

Козумирајте намирници кои содржат протеини помеѓу три и четири часот попладне. Тоа може да биде една шака бадеми, некој протеински бар или парче пилешко месо. Никогаш не ја прескокнувајте оваа ужинка. Таа важна бидејќи го забрзува метаболизмот и спречува да претерате со јадењето на ручек. Доколку во овој период сте на работа, прогледнете ги овие предлог идеи за ужинки.

Оваа ужинка е особено важна и поради нивото на шеќер во крвта. Колку што е шеќерот повисок, толку е повисок инсулинот, а високиот инсулин е виновник за таложење на мастите околу струкот. Ако јадете на секои 3-4 часа, ќе спречите нагло и прекумерно покачување на шеќерот во крвта и таложење на масти околу струкот.

2. Набавете си топка

Погрижете се барем три пати неделно да имате тренинг со топка. Легнете на грб, земете ја топката во раце и испружете ги над глава. Нозете испружете ги на подот. Топката носете ја бавно кој стапалата, кревајќи нозете и рамениците од подот и ставете ја топката помеѓу стапалата и задржете со фиксирани нозе. Потоа вратете ја повторно во рацете и спуштете ги рамениците и нозете на под. Повторувајте го ова движење 10 до 12 пати. Ова е ефективна вежба за стомачните мускули, која нема да ви биде здодевна, за разлика од класичните стомачни вежби со многу повторувања. Најважно од сѐ е во текот на вежбата, долниот дел од грбот и половината постојано да ви бидат залепени за подот.

3. Не конзумирајте шеќер

Јадете колку што е можно помалку шеќер. Ова ќе го одржи нивото на инсулин ниско, а нивото на глукагон високо. Глукагонот е хормон кој е ваш најголем сојузник во борбата за рамен стомак. Тој е оној кој придонесува мастите околу стомакот да се користат како енергија. Колку помалку шеќер конзумирате, толку пониско ниво на инсулин, а повисоко ниво на глукагон.

4. Јадете бавно

Доброто џвакање на храната е најдобриот начин да спречите подуеност во стомакот. Џвакајте ја бавно, бидејќи дигестивниот процес започнува во устата, а доколку јадете брзо храната не може добро да биде дигестирана. Добра дигестија значи помалку гасови и помалку надуеност во стомакот.

flatabs

6. Стомачните вежби оставете ги последни 

Токму така! Експертите препорачуваат: најпрво: добра и здрава исхрана, второ- кардио тренинг, трето- тренинг за зајакнување на мускулите и на крај стомачни вежби. Ако го следите овој распоред, резултатите набрзо ќе бидат видливи. Посветете 60 минути дневно за подготовка на здрава храна, 20 минути дневно, три до пет пати неделно за кардио тренинг, 15 минути дневно, три пати неделно за тренинг за сила и 5 минути дневно, три пати неделно за правење на стомачни вежби.

6. Користете морска сол

Виновникот за надуеноста во стомакот може да биде солта која ја конзумирате секојдневно. Користете природна морска сол, што има пониско ниво на натриум од традиционалната сол. И држете се по настрана од соја сосот: дури и оние кои се означени дека имаат ниско-натриум, сѐ уште се богати со натриум и ќе предизвикаат инстант надуеност. Наместо тоа, направете домашен сос од домати или сос од авокадо и зеленчук и користете природни зачини како босилек, рузмарин, бибер.

7. Бокс кардио тренинг

Додадете го боксот како дел од вашата рутина за вежбање. Кога вежбате бокс, особено со тегови или во брзо темпо, работите и со вашето торсо, што ви помага да го зацврстите целиот стомачен дел. Додека замавнувате и удирате, размислувајте на тоа да ги држите цврсто стомачните мускули. Боксот е и кардио вежба со која ќе согорите многу калории. Додадете во вашата рутина за вежбање само 15 минути бокс тренинг, три пати неделно и може да изгубите неколку сантиметри во струкот.

8. Големината и содржината на порцијата е важна

Јадењето на контролирани оброци, кои вклучуваат храна од целото зрно и мононезаситени масти во текот на денот е најдобар начин на исхрана за рамен стомак. Луѓето кои јадат цели зрна губат повеќе стомачни масти, а добрите масти се исто така одлични за струкот.

9. Најдоброто мени за рамен стомак

Најдобриот појадок: парче интегрален леб со путер од кикирики и 1 чаша од вашите омилени бобинки како боровинки, малини, капини.

Најдобриот ручек: спанаќ салата со ореви, тофу на скара и домати со малку маслиново масло и свеж сок од лимон.

Најдобрата вечера: печен лосос со сладок компир и аспарагус со маслиново масло и лук.

Најдобрата ужина: чаша јогурт со 2 лажици семки од сончоглед.

 

Ane

Вљубена во пилатес,аеробик,возење ролери и редовно качување на Водно. Зависник од кофеин и домашни здрави десети.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *