Home Рецепти Здрави десерти Здрав антиоксидантен чоколаден колач со боровинки

Здрав антиоксидантен чоколаден колач со боровинки

134
0

Боровинките имаат толку многу здравствени придобивки, што речиси е невозможно да се набројат. Меѓутоа во најголем дел здравствените придобивки на боровинките потекнуваат од високата концентрација на антоцијани.

Антоцијаните се природни анти-инфламаторни хемиски соединенија, за кои се верува дека имаат анти-канцерогени својства. По замрзнувањето, количината на антоцијани во боровинките расте.

Замрзнатите боровинки можете да ги искористите во смути, овесна каша, чиа пудинг и слично. Ние за Вас имаме еден малку поразличен рецепт за подготовка на здрав антиоксидантен чоколаден колач со замрзнати боровини. 🙂

Потребни состојки:
  • 5 лажици мелени бадеми
  • 5 лажици мелени лешници
  • 8 лажици интегрално брашно
  • 1 лажица псилиум (по желба)
  • 1 банана
  • 1 јајце
  • 2 лажици мед
  • 2 лажици кокосово масло
  • 100 g црно чоколадо со 75% какао
  • околу 150 g замрзнати боровинки
  • по потреба малку вода (3-4 лажици).

Начин на подготовка:

Во еден подлабок сад најпрво измешајте ги сувите делови: мелените бадеми, лешниците, интегралното брашно и псилиумот. Во блендер ставете го јајцето заедно со бананата и медот, и убаво соединете ги состојките. Во трет сад на оган (на пареа, над тенџере што врие) ставете го чоколадото и кокосовото масло да се стопат и соединат.

На крај сите три делови убаво соединете ги. Доколку забележите дека смесата е многу густа, додадете сосема малку вода. Кога ќе соедините убаво додадете ги боровинките и измешајте сè заедно. Истурете го колачот во правоаголен или коцкаст сад за печење и печете околу 20 минути на температура од 180°С.

На крај исечете го колачот на коцки и уживајте во убавиот и богат чоколаден вкус. 🙂

Добар апетит!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here