Home Исхрана Чоколаден путер од кикиритки

Чоколаден путер од кикиритки

72
0

Путерот од кикиритки е многу здрава намирница богата со многу здрави масти. Во продолжение прочитајте зошто е здраво да се јаде путер од кикиритки.

Содржи протеини

Само две големи лажици путер од кикирики содржат вкупно 7 грама протеини, исто колку и едно јајце.

Ќе ве одржи сити подолго време

Путерот од кикиритки, поради фактот што содржи многу масти и многу калории, ќе ве одржи сити подолго време. Јаболко со 1 лажица путер од кикиритки може да ви биде одличен појадок или ужинка која ќе ги спречи нападите на глад во текот на денот.

Намален ризик од срцеви заболувања

Заситените и незаситените масти во путерот од кикирики се во ист сооднос како и маслиновото масло. Тоа се здрави маснотии кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и дијабетес.

Други здравствени придобивки

Путерот од кикирики е богат со Б и Е витамини, а од минералите содржи калиум, магнезиум, цинк, фосфор, калциум и бакар. Овие состојки придонесуваат пред сè за подобра работа на мускулите, нивна обнова, поздрави заби и коски, како и посилни нерви.

Путерот од кикиритки можете да го купите од било кој маркет, но зошто сами да не си го направите? Прелесно е, а така ќе знаете што точно содржи и што всушност јадете. Исто така на овој начин и многу ќе заштедите затоа што сировите кикиритки се евтини.

Еве го рецептот за чоколаден путер од кикиритки.

Потребни состојки:

  • 350 g несолени и непечени бели кикиритки
  • 1 лажица какао
  • 2 лажици мед
  • малку ванила (по желба).

Начин на подготовка:

Кикиритките ставете ги во рерна на 180°С околу 20-тина минути да се запечат. Одвреме-навреме погледнувајте и промешувајте. Потоа ставете ги во блендер/сецко и оставете ги убаво да се измешаат, околу 5-7 минути. Кога ќе се добие хомогена смеса додадете го и какаото и медот, и размешајте или со лажица или уште 1 минута со блендерот или сецкото.

Складирајте го овој чоколаден путер во тегла и чувајте го во фрижидер. Можете да го консумирате наутро со 1 јаболко или пак да си направите сендвич со банана и путер од кикиритки. Рецептот за сендвичот прочитајте го тука.

На здравје!!!

Можеби ќе ве интересира: Здрави енергетски топчиња со путер од кикиритки!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here