30 дневен смути предизвик.
Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.
Ден 20
Ресана смути
Овој вкус сигурно ќе ви се допадне – ресана смути. Но, ова е здрава варијанта на ресана вкусот. Сигурно претпоставувате дека портокалот овде ќе го заземе главното место. Вечерта пред да планирате да го направите ова смути измијте го портокалот убаво и ставете го во замрзнувач. Потребно е да го замрзнете бидејќи ќе ја користиме кората од портокалот. Таа има поинтензивен вкус од плодот и ја замрзнуваме за да биде полесна за рендање. Еве што ќе ви биде потребно:
- 1 замрзнат портокал
- 1/2 банана
- 200 ml млеко (како замена за млеко може да користите здрава варијанта на кокосово, бадемово или оризвово млеко)
- 2 коцки стопено темно чоколадо (замена за чоколадото може да ви биде мала лажичка какао)
- 2-3 коцки мраз
- 1 мала лажичка мед (по желба)
- малку цимет (по желба)
Како да подготвите?
Изрендајте дел од портокалот, околу 2 супени лажици. Коцките мраз искршете ги убаво во блендерот и потоа додадете ги другите состојки. Убаво измешајте. Доколку уживате во декорации, искористете дел од остатокот од стопеното чоколадо и украсете ги ѕидовите на чашата. Дополнително би можеле да декорирате и со парче портокал.
На здравје!!!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.