30 дневен смути предизвик.
Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.
Ден 22
Смути утринско освежување
Денешното смути ќе ве освежи и наполни со витамини уште рано наутро. Одлична замена е за утринското кафе. Пиењето кафе на празен стомак често предизвикува проблеми со желудникот, а ова смути е одлична алтернатива.
Нането и ѓумбирот даваат прекрасен освежувачки вкус, а во исто време се полни со витамини и антиоксиданси. Лимонот ќе ги задоволи вашите потреби за витамин Ц. Медот ќе ви овозможи додатна енергија за почеток на денот.

Што ќе ви е потребно?
- 1/2 зелено јаболко
- сок од 1 лимон
- неколку листови свежо нане
- малку ѓумбир
- мед (по желба)
Како да подготвите?
Ставете ги состојките во блендер и убаво измешајте. Добиеното смути може да го прецадите доколку сакате да ги избегнете малите парченца од листовите од нане и ѓумбирот.
Додадете неколку коцки лед и уживајте.
На здравје 🙂








