30 дневен смути предизвик – Ден 9

Споделете со пријателите

30 дневен смути предизвик. Приклучете ни се! Секој ден ве инспирираме со интересна рецепта за подготвување смути.


Ден 9

Егзотично смути

За денес се одлучивме за двојно егзотично смути, декорирано на интересен начин. Ова би можело да биде интересно изненадување за вашиот партнер. Сигурно сте ја слушнале изреката дека “Љубовта доаѓа преку стомакот”, затоа вреди да се потрудите малку повеќе 🙂 

Што ви е потребно ?

  • 1 ананас
  • 1 банана
  • 1 лажичка кокосово масло
  • 10-тина замрзнати малини
  • 1 мала лажичка мед
  • 300 ml јогурт
  • 2-3 јагоди и чија семе за декорација

Како да подготвите?

Пресечето го ананасот на две еднакви половини и извадете ја внатрешноста со помош на нож и лажица. Изберете зрел ананас за ова да ви биде полесно. Половина од ананасот складирајте го во фрижидер и зачувајте го за утрешното смути, за денес потребна ви е само половина.

Жолто смути:

За да подготвите жолто смути искористете 150 ml од јогуртот, половина од бананата,  половина од ананасот, кокосовото масло и лажичката мед. Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Сервирајте го ова смути во половината издлабен ананас и декорирајте со парчиња свеж кокос.

Розево смути:

За розевото смути потребна ви е другата половина банана, малините и останатите 150 ml јогурт. Сите состојки ставете ги во блендер и убаво измешајте. Сервирајте го ова смути во другата половина издлабен ананас и декорирајте го со јагоди и чија семе.

Освен што изгледаат интересно овие две комбинации се пред се здрави, а и многу вкусни. Ананасот е полн со ензими кои го подобруваат варењето, исто така полн е и со витамини, a највеќе со витамин Ц. Малините се полни со антиоксиданси, а јогуртот со пробиотици. За бананите повеќе прочитајте овде, за кокосовото масло овде.

Не жалете за потрошеното време во кујната. Подготвувајте си ги оброците сами и трудете се креативно да ги декорирате.

By Елена Ѓорѓиевска

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *