5 навики на здравите луѓе

Споделете со пријателите
  1. Здравата храна ја чуваат на лесно видливо место

Здравите луѓе кои се грижат за своето здравје здравата храна ја чуваат на лесно достапно и видливо место.

Овошјето чувајте го на маса, така кога ќе посакате да јадете нешто ќе се потсетите дека подобро е да изедете 1 банана отколку 1 колаче или 2 реда чоколадо.

Имајте секогаш дома јаткасти плодови и суво овошје и тие нека бидат “прва помош” за кризните моменти.

  1. Одат во супермаркет сити

Здравите луѓе знаат дека доколку би отишле во супермаркет гладни тоа ќе ги натера да купат работи кои не би требало да ги купат. Затоа секогаш одете да пазарите сити, така ќе избегнете купување на непотребни и нездрави намирници.

Доколку сепак ви се случи тоа, имаме решение на линкот подолу 🙂

Гладни во супермаркет: што да купите за здрав оброк или ужина?

  1. Избираат овошје или јатки наместо слатки и чоколадо

Здравите луѓе се свесни за храната која ја внесуваат и секогаш ги избираат јатките и сувото овошје пред слатките и чоколадото.

Имајте секогаш дома или во чанта “прва помош” за кризни моменти, тоа ќе ве заштити од паѓање во искушение и посегнување по нездрава, брза и калорична храна.

  1. Избираат да одат по скали наместо да го користат лифтот

Здравите луѓе секогаш ги избираат скалите наместо лифтот и секогаш кога можат наместо со кола избираат да пешачат.

Одењето по скали и пешачењето ќе ви помогнат да согорите неколку калории плус.

  1. Не јадат минимум 2 часа пред да одат во кревет

Здравите луѓе никогаш не легнуваат да спијат најадени затоа што на тој начин знаат дека му прават многу лоша услуга на телото.

Кога спиеме нашето тело и мозок одмараат, но доколку се најадеме непосредно пред да одиме да спиеме, телото ќе се труди да ја процесира храната и нема да му дозволиме на дигестивниот систем да одмори и да се регенерира за следниот ден. Дополнително вишокот калории кои ги внесуваме навечер најлесно се таложат во масно ткиво.

Следниот пат размислете два пати дали е во ред да јадете во 12 навечер 🙂

Можеби ќе ве интересира: Зошто после обилна вечера, утрото чувствуваме голем глад?

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *