Вежбате редовно веќе неколку месеци…се прашувате дали тоа е доволно и дали телото ви е во добра кондициона форма?
Добрата физичка кондиција зависи од повеќе фактори иако физичката активност ја има главната улога.
Следните 5 знаци се показател дали сте на правиот пат и телото ви е во добра кондициона форма:
- Лесно правите брзи движења
Доколку не чувствувате болка кога се движите и можете да пешачите или да планинарите подолго од 1 час без никакви потешкотии, тогаш на добар пат сте.
Исто така телото ви е во добра форма доколку сте лесно подвижни и можете да станувате и да правите нагли и брзи движења без потешкотии.
Тест во домашни услови да си ја проверите подвижноста и кондиционата форма:
Седнете на земја и пробајте да станете без да си помогнете со рацете. Кренете ги рацете кон таван и пробајте да станете брзо.
Доколку успеете тогаш на правиот пат сте :), доколку не, вежбајте го ова движење секој ден.
- Се потите уште на почетокот од тренингот
Многу луѓе мислат дека потењето е согорување на масното ткиво и колку повеќе се потиме толку повеќе се “топиме”. Сепак тоа е многу погрешно затоа што потењето настанува како резултат на зголемување на телесната температура поради вежбањето,па нашето тело реагира и ги активира потните жлезди за да ја намали температурата.

Доколку се потите уште на самиот старт од тренинг, тогаш тоа е добар знак.
Според некои истражувања, спортистите или луѓето кои редовно вежбаат се потат порано и повеќе во текот на одредена физичка активност, за разлика од оние кои се потат малку или воопшто не се потат. Сето тоа е поради фактот што телото ја препознава физичката активност и започнува веднаш да се лади.
- Можете да си ги фатите стапалата со исправени колена 🙂
Флексибилноста е еден од клучните параметри за добра физичка кондиција. Колку телото ни е пофлексибилно толку сме повитални.
Eдна моќна и многу позната мисла на таткото на Пилатесот зборуваа за фактот дека флексибилноста на телото е клучот до подобро здравје и одржување на младоста.
“You are only as young as your spine is flexible.” J. Pilates

- Имате добро држење на телото
Се трудите секогаш да седите и да одите исправено и тоа ви успева без некои потешкотии.
Ако немате проблем да одите исправено, значи дека мускулите на грбот ви се цврсти и сте во добра форма.
- Не можете да издржите да седите или пак да лежите цел ден
Постојаното седење е најголемиот непријател на нашето здравје. Проблемите со циркулацијата, високиот крвен притисок, покачените масти во крвта и сл. се најчесто предизвикани од прекумерно седење и физичка неактивност.
Доколку работата бара од вас да седите по 8 часа пред компјутер, тогаш задолжително правете кратки размрдувања кои траат по 5-10 минути.
Луѓето кои се во добра кондициона форма секогаш ги избираат скалите наместо лифтот, не користат возило за кратки дистанци и секогаш кога се во можност избираат стоење наместо седење 🙂
Можеби ќе ве интересира:
Што се случува со вашето тело и мускули кога вежбате?
Што се случува со телото кога ќе престанете да вежбате?
7 знаци дека сте потполно од форма
Фото: Vrzalski Photography









