Home Здравје 6 совети како да останете хидрирани преку целиот ден

6 совети како да останете хидрирани преку целиот ден

7
0

Топлите денови секојдневно не потсетуваат колку е битно да пиеме вода почесто. Во лето кога температурите се навистина високи внесот на доволно течности во организмот е од клучно значење за добро здравје. Соодветната хидратација на телото е особено важна затоа што водата сочинува 60-70% од нашето тело. Особено е важно да внимавате на внесот на вода доколку спортувате, бидејќи телото при било каква физичка активност преку потењето губи многу вода.

Водата не содржи калории и нема никаквов вкус така што нема причина зошто не би ја пиеле. Иако скоро сите знаеме колку е важна хидратацијата некои од нас едноставно забораваат на фактот колку водата е битна, а како последица на тоа се јавува дехидаратација. Поради тоа споделуваме со вас 7 совети како да останете хидрирани преку целиот ден.

1) Разбудете се со чаша вода

Чаша вода веднаш после будење е одличен начин да го започнете денот.  На тој начин не само што ќе го хидрирате телото после спиење туку и ќе стекнете здрава навика која ќе направи да се чувствувате подобро и поздраво. Чаша млака вода со лимон и мед е исто така одлична варијанта за утринско хидрирање и будење.

2) Бележете колку вода дневно пиете

Ако не сте сигурни колку вода пиете во текот на денот, потрудете се да запишувате. Со водењето белешки за тоа колку вода пиете во текот на денот ќе имате увид колку сте близу до своите потреби. Тоа ќе биде на еден начин потсетник да пиете повеќе т.е онолку колку што ви е потребно.

01-rethink-what-you-drink-faucet

3) Пред да започнете да јадете проверете дали сте жедни

Жедта многу често ја мешаме со гладот. Ако чувствувате дека сте гладни, а знаете дека не е време за јадење, пробајте да се напиете чаша вода. Еве еден интересен предлог за моментите кога ќе почувствувате “лажен” глад – вода со јаболко и цимет.

4) Газираните и засладени сокови заменете ги со природно цедени

Газираните и засладени сокови нема да ви ја изгасат жедта, тие се полни со шеќери и скриени калории. Ако имате желба за сок, подготвте си домашно цеден сок од вашето омилено овошје. Никогаш не пијте концентриран сок, разредете го сокот со вода во однос 1:3.

Fresh-juices-fruits_in_glasses

5) Јадете храна богата со вода

Краставици, пиперки, целер, зелена салта, тиквички, лубеница, праски, јагоди се само дел од наминиците кои се богати со вода и кои ќе го зголемат дневниот внес на вода без да забележите.

7) Пијте незасладени чаеви

Чајот е напиток кој не потсеќа на зима, но ладната варијанта е одлична за топлите летни денови. Дополнително би можеле да направиде ледчиња со овошје или листови нане кои ќе му дадат посебена арома и вкус на чајот. Ако го пиете незасладен, чајот има 0 калории исто како и водата.

ice-cube-today-160601-fruit-tease_a6298cfd25cabd1a544b9959739dd2b1.today-inline-large

 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here