Нашиот предизвик продолжува, веќе сме на половина од неделата. Ако сето тоа ви изгледа примамливо, не се двоумете започнете веднаш.
Ден 4
Двопек со јајце и јогурт
За денес одбравме брза, лесна и здрава комбинација. Појадок кој содржи многу хранливи нутритиенти, но и пробиотици кои ја подобруваат цревната флора.
Потребни состојки:
- 1 парче двопек
- 2 тврдо варени јајца
- 1 чаша јогурт
- 1 краставица или 2-3 листа зелена салата
- сол, црн бибер
За овој појадок не е потребна посебна подготовка. Сварете ги јајцата и доколку сакате зачинете ги по желба со сол, црн бибер и некој ваш омилен зачин. Сервирајте во чинија заедно со двопекот и салатата.
Уживајте во утрото!
Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.