7 дена здрав појадок – Ден 5

Споделете со пријателите

Доколку ги следите нашите инструкции и успешно го прифативте предизвикот сигурно веќе се чувствувате полесно и сте полни со енергија.

Неделата полека одминува, а петокот е еден од омилените денови на сите нас. За денес одбравме лесен и вкусен појадок со овесни снегулки и банана.

Овесна каша за појадок е секогаш добар избор, а еве и зошто:

  • го намалува нивото на холестерол
  • го регулираат нивото на шеќер во крвта
  • го намалува ризикот од појава на дијабетес тип 2
  • го помага слабеењето
  • го зголемува имунитетот
  • го намалува ризикот од појава на канцер.

Ако ова беше доволно за да ве убедиме, еве го предлогот за денес.

Ден 5

Овесна каша со банана и кива

Потребни состојки:

  • 3 лажици овесни снегулки
  • ½ банана
  • 1 кива
  • 1 лажичка ленено семе
  • 1 лажичка мед
  • 200 ml вода

Начин на подготовка:

Овој појадок има два начини на подготовка во зависност од времето кое го имате на располагање.

Доколку ви се брза најдобро е да ја стоплите водата и да ги прелиете овесните снегулки со топла вода која не врие. После 2-3 минутки додадете ги бананата и кивата насечкани на коцки па на крај лененото семе и медот и убаво измешајте.

Другиот начин е полесен, но за него ќе ви треба малку повеќе време затоа што ќе треба да ги оставите овесните снегулки да ја апсорбираат водата малку подолго време. Ставете се во блендер и убаво соединете. Оставете ја овесната каша/пудинг околу 1-2 часа, тоа е доволно време овесните снегулки и лененото семе да ја апсорбираат водата.

На здравје!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *