7 дена свежи салати – Ден 3

Споделете со пријателите

За денес повторно зелена чинија полна здравје, но за разлика од првиот ден денес слатата ќе биде многу побогата и ќе ви даде многу повеќе енергија. Рецептот е во прилог.

Ден 3

Зимска зелена салата со пармезан и кикиритки

Полна чинија витамини и минерали, салатата е одлична замена за ручек или вечера доколку внимавате на својата линија. Комбинирајте го зеленчукот со семиња и јатки за да ја зголемите хранливоста на оброкот. За да ви ја олесниме работата ви даваме одличен предлог за подготовка на зимска зелена салата со пармезан, сусам и кикиритки.

Потребни состојки за 2 лица:

  • китка марула
  • неколку листови рукола
  • малку зелка
  • 1 морков
  • 2 супени лажици мелени кикиритки (или бленидрани во сецко)
  • 1 супена лажица сусам
  • 1-2 мали лажички маслиново масло
  • малку сол
  • 1 супена лажица оцет балсамико
  • малку пармезан (со алатката за лупење краставици, исечете неколку долги листови)

Начин на подготовка:

  1. Марулата, руколата и зелката исечкајте ги и измешајте ги заедно.
  2. Морковот изрендајте го па додадете го на претходната зеленчукова мешавина.
  3. На загреано тефлонско тавче ставете го сусамот и малку запржете го без масло.
  4. Измешајте ги потоа сусамот и мелените кикиритки.
  5. Мешавината од кикиритки и сусам ставете ја врз претходно исечканиот зеленчук.
  6. Одозгора прелијте со маслиновото масло, оцетот балсамико и посолете со малку сол.

На здравје!!!

Се читаме утре со нов рецепт!

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *