Целерот ни приближно не ја добива улогата во нашето мени која ја заслужува. Прочитајте зошто целерот треба почесто да биде дел од вашиот оброк.

Целерот содржи високо ниво на хранливи влакна, кои помагаат храната да се движи низ дигестивниот тракт побрзо, а со тоа и помага во намалување на ризикот од рак на дебелото црево. Интересно е што овој зеленчук има многу различни витамини и минерали во одличен сооднос. Содржи витамин Ц, витамин Б6, а најзастапен е витаминот К. Една порција целер задоволува 37% од дневните потреби за витамин К.
Целерот има неверојатно ниско ниво на калории – само 16 по една порција. Ова е една од причините зошто тоа е толку популарна храна за оние кои држат диета. Има репутација на храна со “негативни калории” храна, што всушност апсолутно ја заслужува.
Целерот е богат извор на флавоноиди кои се познати по своите моќни антиоксиданстни својства. Тој исто така содржи и зеаксантин, лутеин и бета-каротен, кои според истражувањата ги намалуваат воспаленијата и го намалуваат ризикот од болести на срцето, го подобруваат имунолошкиот систем и го спречуваат раст на абнормални канцерогени клетки.
Еве неколку придобивки кои го издвојуваат целерот од другите зеленчуци:
- Ја намалува инфламацијата во телото. Конзумирајте почесто целер ако имате болки во зглобовите, инфекции на грлото, астма или било какво воспаление.
- Креира алкална средина во вашето тело. Во алкална средина се намалува ризикот од развој на рак.
- Помага во варењето на храната. Целерот има вкус на крцкава вода поради големиот процент на вода и влакна во него. Сепак избегнувајте го ако имате дијареа.
- Содржи добри соли. Солта во целерот е органска, природна и неопходна за вашето здравје.
- Го намалува “лошиот” холестерол (LDL). Само две стапчиња дневно ќе ви помогнат да го намалите “лошиот” холестерот.
- Го намалува крвниот притисок. Целерот содржи активни состојки наречени фталиди кои ја подобруваат циркулацијата во телото. Ова помага во намалување на високиот крвен притисок.
Совети при купување и готвење:
Изберете целер со прави стапчиња кои се кршат при свиткување. Листовите исто така треба да се свежи. Исто така запоменете, колку е потемна бојата, толку е посилен вкусот.
Најдобра опција за приготвување е како свежа салата веднаш штом ќе го купите. Исто може да го готвите на пареа при што ќе го задржи и вкусот и витамините.








