Home Исхрана Интегрални солени колачи

Интегрални солени колачи

200
0

Овие интегрални солени колачи можат да бидат одличен појадок или ужинка. Содржат многу здрави и хранливи нутритиенти, и ќе ве одржат сити подолго време. Доколку ги чувате во фрижидер можат да останат свежи и до 10 дена, така што вреди да жртвувате едно попладне. 🙂

Потребни сосотојки:

  • 150 ml маслиново масло
  • 150 ml бело вино или пиво
  • 1 пециво
  • 100 g ленено семе
  • 100 g интегрален сусам
  • 100 g семки од тивка
  • 100 g сончоглед
  • малку сол, оригано, бибер, куркума и ким (зачините се ставаат по желба)
  • брашно (црно ‘ржано и пченично во сооднос 60:40, можете да измешате 600 g црно ‘ржано и 400 g пченично) – брашно се додава колку прима смесата дури не престане да се лепи.

Начин на подготовка:

Состојките се мешаат и на крај се додава брашното. Потребно е смесата да стане нелеплива и да може да се обликува со раце. Можете да правите мали ситни точиња или да користите калап за различни форми.

Колачите се печат на температура од 150°С околу 1 час, а потоа се оставаат во заграната рерна дури не се оладат .

На многу сличен начин можете да подготвите и благи интергални колачи. Се додава сè идентично, и наместо сол додавате 3 супени лажици мед, малку суво овожје по желба (грозје, смокви, урми, кајсии, брусница), една супена лажица какао и половина црно чоколадо насечкано на коцки. Дополнително како зачин може да користите екстракт од ванила и малку цимет. Колачите се обликуваат и печат на ист начин како солените.

Добар апетит! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here