Оваа здрава торта е една од највкусните и задолжително морате да ја пробате. Се подготвува едноставно и брзо, не се пече и нема да ви одмеземе премногу време. Сите состојки кои се користат се здрави и непроцесирани.
Потребни сосотјки:
за орео кората:
- 300 g урми (киснати во вода миниму 1 час)
- 200 g кокосово брашно
- 1-2 супени лажици какао или рогач
за филот:
- 3-4 замрзнати банани
- 150 g индиски ореви (киснати во вода минимум 1 час)
- малку ванила вкус (по желба)
- 1 супена лажица мед (по желба)
- 3-4 урми насечкани на ситни парченца
Начин на подготовка:
За да ја подготвите кората потребните сосотјки ставете ги во сецко и мешајте 3-4 минути дури не добиете убава хомогена и леплива смеса.
За подготовка на филот во бледнер ставете ги бананите, индиските, ванилата и медот и мешајте дури не добиете убав и густ крем. На крај додајте ги парченцата урми. Медот и ванилата доколку не сакате, немора да ги додавате бидејќи бананите се доволно благи за да му дадат благ вкус на филот.
Смесата за кората поделете ја на два дела и едниот дел убаво натапкајте го во калап за торта, врз него истурете го кремот и ставете го во замрзнувач неколку часа дури кремот убаво не замрзне. Потоа другата половина од кората ставете ја врз филот и убаво натапкајте…
Тортата е готова…. 🙂
За да ви ја олесниме работата и да мотивираме да ја подготвите, погледнете го видеото подолу.









Mnogu vkusno, ja napraviv nekolku pati