Палачинките се омилен десерт на кој неможат да одолеат ни децата, а ни возрасните. Но, што мислите за една здрава и многу брза варијанта на палачинки?
Потребни состојки:
- 1 зрела банана
- 1 чаша млеко или јогурт (може кравјо, но може и бадемово или кокосово)
- 2 чаши овесни снегулки (поубаво е да бидат мелени, можете да ги иситните во блендер)
- 1 јајце
- 1/2 лажичка сода бикарбона или малку пециво
- 1 супена лажица кокосово масло или маслиново
- ванила вкус (по желба)

Начин на подготовка:
Во блендер избленирајте ја бананата, млекото и овесните снегулки. Потоа додадете го јајцето и сода бикарбоната и повторно блендирајте. Ако се одлучите за ванилата и медот ставете ги, па продолжете со блендирање уште неколку секунди. На тавче што не лепи ставете од кокосовото масло и убаво загрејте го, па потоа испржете ги палачинките на стандарден начин.
За побрзо можете да ги правите и на тостер.
Овие овесни палачинки совршено се комбинираат со нашите природни путери од јатки направени 100% само од јатки, или пак со нашата здрава нутела.
Проверете што содржи нашата Fit Delights линија тука.
На здравје!!!









