Home Рецепти Здрави десерти Направете сами: Здрава органска чоколада без адитиви и шеќер

Направете сами: Здрава органска чоколада без адитиви и шеќер

10
0

Подгответе ја оваа вкусна и здрава органска чоколада без адитиви и шеќер и искористете ја како прелив за вашиот омилен колач или за подготовка на здрави слатки.

Оваа чоколада не содржи адитиви, конзерванси и шеќер кои се наоѓаат во чоколадото кое го користиме за готвење.

Потребни состојки:

  • 4 супени лажици какао
  • 2 супени лажици кокосово масло
  • 1-2 супени лажици мед
  • прстофат сол

Начин на подготовка: 

Во сад помешајте ги сите состојки дури не добиете хомогена смеса.

Од оваа чоколада можете да подготвите здрави бомбици, доколку во неа додадете по желба малку јаткасти плодови, кокос и овесни снегулки.

Исто така можете да ја искористе како прелив за вашиот омилен колач.

Можете да направите и чоколадни плочки употребувајќи различни форми на калапи. Како алтернатива на калап искористете го садот за правење лед, така што ќе направите чоколадни коцки. Во секоја коцка ставете по еден лешник или бадем и израдувајте ги најблиските.

Пред да послужите ставете во фрижидер и оставете да се стегне околу 30 минути.

Повеќе рецепти за здрави десерти можете да пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here