Нашиот предизвик продолжува, ако вчера успеавте да направите разумен избор за појадок, тогаш продолжете го тоа и денес. За денес имаме друг здрав рецепт.
Ден 2
Интегрално лепче со хумус
За денес избравме лесен, брз и здрав појадок. Ќе го искористиме половината авокадо што остана од вчера во комбинација со интегрално лепче и хумус.
Хумусот е едноставен намаз од наут, маслиново масло, лимонов сок и сол и е еден од најпопуларните намази не само во вегетаријанската исхрана, туку и на сите љубители на ориенталната храна. Зошто хумусот е исклучително хранлив и корисен прочитајте овде.
Потребни состојки:
- 1 парче интегрално лепче
- 1 лажица хумус (овде пронајдете рецепт како сами да си подготвите хумус)
- ½ авокадо (тоа што ви остана од вчера)
- 3-4 ореви
- малку сусам
- ½ јаболко
- малку цимет.
Начин на подготовка:
Намачкајте го хумусот на лепчето. Авокадото насечкајте го на долгнавести парчиња и ставете го одозгора. Посипете со неколку кршени ореви и малку сусам.
Јаболкото насечкајте го на парчиња и наросете го со малку цимет.
На здравје!
Овој рецепт е предлог од Елена Ѓорѓиевска.








