Домашни гранола мусли со лешник и чоколадо

Споделете со пријателите

Домашно подготвени гранола мусли со лешник и чоколадо…колку убаво слатко здраво задоволство!

Гранола муслите се одлични за појадок и сигурни сме дека веќе ги сакате.

Потопете ги со млеко, јогурт, бадемово или кокосово млеко и оставете ги 10-тина минути да омекнат. Можете да го додадете и вашето омилено овошје како банана, јаболко, кива, боровинки и сл.

Потребни состојки:

  • 200 g овесни снегулки (по желба можете да ги замените со ‘ржани или јачменови или пак да си направите мешавина од трите)
  • 4 лажици путер (можете да ги замените со кокосово масло)
  • 3 лажици мед
  • 100 g кршени лешници
  • 50 g црно чоколадо.

Начин на подготовка:

Првин путерот стопете го на пареа. Кога ќе се растопи во него ставете го медот и убаво измешајте. Овесните снегулки измешајте ги заедно со лешниците, па додадете го путерот и медот и убаво соединете.

На хартија за печење истурете ја смесата и оставете ја да се суши во рерна на температура од 150°С околу 30 минути. Повремено проверујавте и со лажица промешувајте. На крај оставете да се олади и додадете го чоколадото насечкано на ситни парченца или пак рендано.

Складирајте ја домашната гранола во стаклена тегличка.

Вака подготвените гранла мусли можете да ги чувате подолго време, а ќе имате здрав појадок за секој ден. За еден оброк доволни ви се 4 супени лажици.

Можеби ќе ве интересира: Гранола мусли со путер од кикиритки и бадеми.

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *