Home Исхрана Предлог за здрав ручек: Манџа со зеленчук, киноа и ослич

Предлог за здрав ручек: Манџа со зеленчук, киноа и ослич

21
0

Овој ручек беше еден од оние подготвени од тоа што имав во фрижидер. Финалниот производ беше вкусно и здраво вариво кое сигурно ќе го правам почесто.

Потреби состојки за 4 порции:

  • 3 филети бел ослич
  • 2 моркови
  • 2 компири
  • 1 китка броколи
  • 1 страк праз
  • 1 тиквичка
  • 2 лажици киноа
  • 1 коцка за супа
  • малку сол, бибер , магдонос и лук во прав
  • 1 лажица маслиново масло
  • 1 L вода.

Начин на подготовка:

Ако имате купено замрзнат ослич оставете го да се размрзне и насечкајте го на ситни коцки. Белите филети ослич се без коски и кожа така што многу лесно ќе ги насечкате на коцки.

И другиот зеленчук насечкајте го на ситни коцки.

Во тенџерето во кое ќе ја правите манџата ставете го маслиновото масло да се загрее. Потоа додадете го насечканиот зеленчук и сосема кратко пропржете. Водата загрејте ја и во неа ставете ја коцката за супа, па додадете ја на зеленчукот. Потоа додадете ја и насечаната риба и убаво промешајте. Додајте малку сол, бибер, магдонос и лук во прав. На крај додадете ги двете лажици киноа. Оставете на многу тивко да се готви околу 15-20 минути.

Ќе добиете вкусна , здрава и густа манџа која ќе ја сака целото семејство.

На крај доколку сакате можете да додадете и неколку капки оцет или сок од лимон.

Добар апетит!

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here