Одличен предлог за вкусен појадок, ручек или вечера.
Потребни состојки:
- интегрални шпагети (за да можете полесно да определите колкава количина ви е доволна за една порција, направете го тоа со помош на шише како на сликата подолу)
- 100 g свежи шампињони
- 1 лажица сусам
- малку замрзната или свежа брокола (по желба)
- малку свеж магдонос
- 1 лажица маслиново масло
- малку хималајска сол.

Начин на подготовка:
Првин сварете ги шпагетите и убаво исцедете им ја водата. Во тавче што не лепи ставете го маслиновото масло и загрејте го, во него додадете ги насечканите шампињони. Пропржете малку и потоа додадете го сусамот. Доколку користите и брокола, ставете ја и неа и пржете дури не омекне. Потоа додадете ги сварените шпагети и посолете со малку хималајска сол.
Ставете ги во чинија и одозгора ставете го свежиот магдонос насечкан на ситно како на сликата.
Уживајте во утрото!
На здравје!
Рецептот и сликите ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.








