Овие мафини се вистински деликатес! Можеби не се најнискокалоричните, но сепак се многу поздрави од грицки и чипс 🙂
Во комбинација со свежа салата, можат да бидат одличен појадок/ручек или вечера.
Потребни состојки (за 12 мафини):
- 1 тиквица со средна големина
- 1 младо кромитче
- 1 младо лукче
- китка спанаќ (околу 100 g)
- 3 јајца
- 50 g рендано или ситно сечкано биено кравјо сирење
- 2 лажици павлака
- 1 лажица маслиново масло
- 2-3 лажици интегрално брашно
- малку хималајска сол, куркума и црн бибер.
Начин на подготовка:
Најпрвин изрендајте ја тиквицата и малку посолете ја. Оставете ја 5 минути да ја пушти водата и исфрлете ја вишокот вода.
Во подлабок сад префрлете ја исцедената тиквица и додадете ги несечканото кромитче, лукче, спанаќот, јајцата, сирењето и павлаката. Убаво измешајте дури смесата не се соедини. На крај доодете го брашното, маслиново масло и зачините. Уште еднаш убаво измешајте и започнете да ги полните калапите за мафини.
Најдобро е да користите гумени калапи за мафини како што користам јас (на сликата погоре). Навистина се многу лесни за одржување и воопшто не лепат.
Печете ги мафините во загреана рерна на температура од 200-220°С околу 25 минути.
На крај доколку сакате да ги декорирате, врз секој мафин со шприц за фил ставете малку павлака измешана со сенф и зачини. На врвот ставете гранче свеж магдонос.
Добар апетит!
Можеби ќе ве интересира:








