Home Рецепти Здрави десерти Совршен летен десерт: Здрав чизкејк

Совршен летен десерт: Здрав чизкејк

127
0

Одличен освежувачки десерт за топлите летни денови. Се подготвува многу брзо, без печење, а резултатот е фантастичен!

Потребни состојки:

за кора:

  • 3 лажици мелени ореви
  • 3 лажици мелени бадеми
  • 5 лажици овесни снегулки
  • 2 лажици мед
  • 3 лажици кокосово масло (може да се замени со путер)

фил:

  • 7-8 кајсии
  • 1 чаша јогурт или несолена павлака
  • 2 лажици несолена урда (доколку не сакате урда, може да се замени со маскарпоне)
  • 50 g несолени индиски ореви (киснати во вода барем 1 час)
  • 2 лажици мед (наместо мед може да ставите и стевиа)
  • за одозгора овошје по избор.
Начин на подготовка:

За подготовка на кората најпрво измешајте ги во еден сад мелените ореви, бадеми и овесни снегулки. Потоа во садот додадете го медот и растопеното кокосово масло, и убаво измешајте. Потребно е да се добие густа леплива смеса која ќе може лесно да се натапка за да добие изглед на кора. Кога ќе биде убаво соединета, ставете ја кората во садот во кој планирате да го правите чизкејкот. Истурете ја смесата и убаво натапкајте ја.

Врз кората насечете ги кајсиите на половинки и наредете ги.

Во блендер ставете го јогуртот или павлаката, несолената урда, киснатите индиски ореви и медот или стевиата. Убаво измешајте дури не добиете убава густа и бела смеса. Истурете го белиот фил врз кората со кајсии.

На крај одозгора можете да ставите какво било овошје. Наш предлог се киви како на сликата, иако можете да ставите и малини, јагоди, боровинки и слично.

Ставете го чизкејкот во фрижидер околу 3-4 часа за убаво да се стегне.

Добар апетит! 🙂

Рецептот и сликите за овој прекрасен десерт ни ги испрати Елена Ѓорѓиевска.


Повеќе идеи за здрави десерти, пронајдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here