Што претставува аеробното вежбање?
Аеробното вежбање подразбира било каква телесна активност при која се користат големите мускулни групи и која може да се изведува подолго време.
Примери за аеробна активност се: пливање, трчање, возење велосипед, веслање, скијање, пешачење, играње, ролање, аеробик и сл.
Аеробната активност ја поттикнува работата на срцето, белите дробови и циркулацијата кои мораат заедно ефикасно да работат во моментите на аеробната активност затоа што мора што повеќе кислород и хранливи материи да се однесат до мускулите кои ја трошат енергијата.
Колку подолго време практикувате аеробна активност, толку повеќе го зајакнувате срцевиот мускул и тој станува поефикасен и ја зголемува количината на крв која ја уфрла во циркулацијата. Оние кои подолго време практикуваат аеробна активност можат да вежбаат подолго време без паузи и многу побрзо се опоравуваат после тренингот, споредено со тие кои не вежбаат таков тип на активност.
Зошто да изберете аеробик?
Аеробикот денес е најраспространетиот облик на рекреативно вежбање креиран така што дава врвни резултати со минимална можност од добивање повреди. Ритмичката музика на која се изведуваат аеробик вежбите дополнително дава мотивација и ве тера да го дадете максимумот од себе.
Со 1 час аеробик се согоруваат околу 500 калори. После 1 час ефективно аеробик вежбање, не само што ќе ги потрошите тие 500 калории, туку ќе си заминете дома среќни и полни со енергија.
Аеробикот ќе ви помогне да ја потрошите и исфрлите од себе негативната енергија акумулирана во текот на денот и ќе ви помогне да бидете посреќна и поисполнета личност. Сето тоа чувство што ќе го побуди еден аеробик час кај вас, ќе ве тера со нетрпение да го очекувате и следниот час затоа што чувството на среќа и задоволство повторно ќе бидат присутни.

Исто така за разлика од теретана или одење на фитнес, аеробикот најчесто е групна активност водена од инструктор кој постојано ве мотивира и поттикнува да го дадете најдоброто од себе. Дополнително, самиот факт што не сте сами, туку сте со група со повеќе луѓе ве прави да се чувствувате уште поенергично и поубаво, а сето тоа е дополнителна мотивација која нема да дозволи да се откажете лесно.
Предности од вежбање аеробик:
- подобра циркулација
- зголемен капацитет на срцето и белите дробови
- намалување на крвниот притисок
- зголемување на густината на коските и мускулното ткиво
- зголемување на силата и издржливоста
- намален ризик од појава на кардиоваскуларни болести, остеопороза и дегенеративни болести на зглобовите
- подобрена координација и рамнотежа
- побрз метаболизам и лесно и ефикасно губење на масното ткиво
- појак имунитет
- намален ризик од појава на канцерогени заболувања
- повеќе енергија
- подобар сон
- подобро психичко здравје, намален ризик од појава на анксиозност, депресија, лошо расположение, стрес и сл.
Придобивките од вежбањето се огромни, ваше е само да се решите и да започнете веднаш, затоа што изговорите нема да ве направат поздрави и посреќни!
Нашето студио FitLife Fitness Studio е специјализирано студио за Аеробик и Пилатес, лоцирани сме на две локации во Скопје и тоа: Кисела Вода и Козле.
Соединувајќи вежби за мобилност, сила, флексибилност и кондиција креираме часови наменети за секого.
Кај нас ќе го најдете тоа што ви е потребно и што е најважно мотивација која нема да дозволи лесно да се откажете!
Изберете ја групата која најмногу ви одговара и резервирајте си место на телефон 071 273 982.
Доколку сакате да ја почувствувате и видите атмосферата на нашите часови погледнете го видеото во продолжение, а повеќе за нас прочитајте на линкот подолу:
https://www.instagram.com/p/Bp6dFjHnL00/
facebook група: Аеробик и Пилатес – FitLife Fitness Studio
facebook страна: 161.35.76.149/








