Home Рецепти Здрави десерти Видео рецепт: Здрав чоколаден пудинг од просо

Видео рецепт: Здрав чоколаден пудинг од просо

211
0

Овој пудинг е многу повкусен од кој било десерт. Ви ветувам дека ако го направите ќе се заљубите во убавиот и неодолив чоколаден вкус.

Подолу е целосниот видео рецепт, директно од нашата кујна. 🙂

Потребни состојки:
  • 5 лажици просо
  • 1 чаша бадемово млеко (може и кравјо)
  • 1 чаша вода
  • 2 лажици мед
  • 1 лажичка какао
  • 1 лажичка кокосово масло.
Начин на подготовка:

Просото, бадемовото млеко, водата и медот ставете ги во огноотпорен сад на оган. Мешајте дури не зоврие, и потоа намалете го на тивко. Оставете го просото да се свари целосно, потребни се минимум 20 минути. Кога ќе добиете густа смеса без течност, тогаш просото е готово. Тргнете од оган и додадете ја лажичката какао и кокосово масло, убаво измешајте и ставете го пудингот во блендер. Блендирајте кратко за да добиете густа и еднолична смеса која личи на вистински пудинг.

Декорирајте по желба, јас декорирав со замрзнати боровинки и вишни. Резултатот беше фантастичен, а вкусот неодолив. Дефинитивно подобро и од вистински пудинг!

Добар апетит! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here