Овој рецепт е само за вистинските љубители на чоколадото, одличен предлог како дома сами да си подготвите здраво црно чоколадо 🙂
Потребни состојки:
- 4 лажици какао во прав
- 100 g какао путер
- 2 лажици кокосово масло
- 2 лажици мед
- силиконски калапи за чоколадо.
Начин на подготовка:
Најпрвин на оган стопете го какао путерот и кокосовото масло, потоа со интензивно мешање во стопениот какао путер полека додадете го какаото и медот. Мешајте дури не се соедини смесата и не се добие убава и хомогена чоколадна структура. Внимателно истурајте го чоколадото во силиконските калапчиња и оставете да се стегне во фрижидер околу 1 час.
За да биде појасно, погледнете го нашиот видео рецепт.
Убави празнични денови! На здравје!








