Home Здравје Детоксикација 10 правила за тридневна детоксикација после празниците

10 правила за тридневна детоксикација после празниците

95
0

Полна трпеза, многу храна, кифлички, руска салата, сарми, многу слатки, алкохол… и уште што не… Но еве готово, празниците ќе завршат, ама како после сето тоа јадење да се вратите во форма?

Празниците будат навистина убави моменти со најблиските, но зошто мора толку храна и толку алкохол да се консумира… зарем без тоа нема да ни биде убаво? Или што ако наместо кифлички, направиме некој здрав интегрален колач, а наместо руска салата направиме некоја здрава свежа салата со прелив од сенф и сок од лимон…

За благото не би коментирала многу, затоа што има мал милион рецепти за здрави десерти кои можат да се направат… Но што е тука… празниците беа и поминаа, а сега треба да се вратиме на старите навики.

Прашања кои сигурно ве мачат: Како да го прочистите телото и да се вратите во форма, и како конечно да се натерате да вежбате?

Да започнеме од некаде…

Најпрвин мора да започнете со детоксикација. Но како?

Дајте си предизвик самите на себе си, и исфрлете ги сите шеќери, теста и алкохол. Направете тридневно прочистување, и во тие три дена внесувајте само свежа храна и повеќе протеини.

Правила до кои би требало да се придржувате за да направите тридневно прочистување:

Правило бр. 1

Напиток за детоксикација: Исцедете 2 лимони и изрендајте малку ѓумбир, додадете 1 лажичка цимет и на крај дополнете со 2 литри вода. Пијте го напитокот во текот на денот наместо вода.

Правило бр. 2

Во кафето не додавајте никакви додатоци, заборавете на шеќерот, млекото и шлагот… ако навистина не можете да пиете горко кафе, додајте малку стевиа или пак сосема малку мед.

Правило бр. 3

Првиот ден пробајте да внесувате само свежо овошје и зеленчук. За појадок направете си некое смути, но внимавајте со овошјето да не претерате (наш предлог за утринско смути за детоксикација). Слободно додајте семиња и јаткасти плодови кои ќе ја зголемат и хранливата, но и калориската вредност на вашиот смути појадок.

Правило бр. 4

За ручек јадете некоја салата направена од сезонски зеленчук. Зачинете ја со маслиново масло, сок од лимон и хималајска сол. Наш предлог:

Правило бр. 5

Вечерата нека биде лесна, можете да си направите зеленчуково вариво или пак да јадете салата слична на таа од ручекот. Наш предлог:

Правило бр. 6

Следните два дена следете ги истите правила, со тоа што за ручек и вечера можете да додадете и некој протеин (пр. динстано пилешко, телешко или свинско, риба или пак варено јајце).

Правило бр. 7

Шеќери се дозволени само од овошје, никако не посегнувајте по слатки и чоколади.

Правило бр. 8

Од течности пијте само од напитокот за детоксикација, вода или пак незасладени чаеви. Никако немојте да посегнувате по овошни сокови, газирани пијалаци и слично, кои се полни со многу шеќери и празни калории.

Правило бр. 9

Ако кризирате во текот на денот имајте при рака секогаш јаткасти плодови како: непечени бадеми, лешници, индиски ореви и сл. Внимавајте со нив затоа што содржат многу масти и многу калории. Јадете само по 10-тина.

Правило бр. 10

Започнете конечно со физичка активност. Вежбањето ќе го забрза процесот на детоксикација, затоа што ја забрзува циркулацијата и помага за полесно ослободување од токсините. Сега е вистинското време повторно да се активирате.

Ако ви треба помош и мотивација околу вежбањето, ние сме тука за Вас.

Лоцирани во населба Аеродром (Скопје) на две локации, кај нас можете да вежбате повеќе типови на Аеробик, Пилатес и Јога.

Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје, и резервирајте си место на телефон: 071 273 982 или 070 303 140.

Повеќе за нашето FITLIFE студио погледнете тука! 🙂

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here