20 интересни факти за Пилатесот кои можеби не ги знаете

Споделете со пријателите

Пилатесот е една од најдобрите физички активности за одржување на здравјето, подвижноста на зглобовите, намалување на болките во грбот, подобрување на белодробниот капацитет и секако одржување на млад и свеж изглед.

20 интересни факти за Пилатесот кои можеби не ги знаете:

  1. Вистинското име на Пилатесот е “Contrology”.
  2. Јозеф Пилатес го креирал Пилатесот за време на Втората светска војна за да им помогне на ранетите војници во Германија.
  3. 1 час ефективен Пилатес ќе ви помогне да согорувате калории дури 24 часа после вежбањето.
  4. Било кое Пилатес движење доколку се прави правилно, го активира целото тело.
  5. Пилатесот го поврзува умот со телото.
  6. Пилатесот докажано може да ја зголеми флексибилноста.
  7. Вежбањето Пилатес бара интензивна концентрација и затоа помага кај невро-дегенеративни болести.
  8. Пилатесот ја подобрува циркулацијата и помага во полесно ослободување од штетните токсини во телото.
  9. Помага за подобро и поисправено држење на телото.
  10. Помага за намалување на негативните ефекти од прекумерното седење и за намалување на болките во грбот.
  11. Ја зголемува самодовербата.
  12. Го подобрува квалитетот на сонот.
  13. Го подобрува белодробниот капацитет.
  14. Пилатесот помага за намалување на стресот и анксиозноста.
  15. Го подобрува расположението и ја зголемува концентрацијата.
  16. Пилатесот го зголемува протокот на крв во мозокот и ја зголемува продукцијата на невротрансмитери.
  17. Пилатесот е одличен за трудници затоа што го олеснува породувањето и ги намалува компликациите за време на бременоста.
  18. Пилатесот го подобрува вашиот сексуален живот.
  19. Пилатесот ги обликува мускулите на елегантен и женствен начин и ги прави добро дефинирани и издолжени.
  20. Пилатесот ве прави посреќни и помотивирани.

Доколку сето тоа ви звучи интересно и сакате да ги почувствувате на своја кожа сите придобивки кои ги нуди Пилатесот тогаш задолжително треба да го посетите нашето студио за Аеробик и Пилатес – FITLIFE

Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *