Home Фитнес Мотивација 15 причини зошто треба да вежбате наутро

15 причини зошто треба да вежбате наутро

4
0

Сите сме свесни дека вежбањето е неопходно за да го одржиме и менталното, но и физичкото здравје.

Но, дали знаете дека утринскиот тренинг има многу повеќе придобивки отколку попладневниот?

И да, сигурно помислувате, па што вежбање е вежбање, дали е 09.00 часот наутро или 19.00 часот навечер исто е и 400 калории се сепак 400 калории, но во пракса не е така!? Утринскиот тренинг има многу повеќе ефекти врз телото и многу поефикасно го забрзува метаболизмот и помага во најлесно и најбрзо согорување на мастите, особено ако го правиме на гладно срце.

За да ве мотивираме да се навлечете на утринско вежбање издвојуваме 15 најзначајни придобивки од утринскиот тренинг:

  1. Ќе се чувствувате мотивирано во текот на целиот ден.
  2. Одличен начин да го разбудите телото, после добар утрински тренинг ќе ви биде потребно многу помалку кафе за да го зграпчите денот.
  3. Ќе внесете помалку калории во текот на денот.
  4. Најефикасно ќе го забрзате метаболизмот и ќе трошите многу повеќе калории во текот на целиот ден.
  5. Ќе имате многу добра контрола врз апетитот.
  6. Ќе бидете поактивни во текот на целиот ден.
  7. Ќе ви помогне во намалување или целосно елиминирање на стресот.
  8. Ќе ви помогне да го намалите или да го нормализирате крвниот притисок.
  9. Ќе согорите многу повеќе калории.
  10. Многу поефикасно ќе ги обликувате мускулите.
  11. Многу полесно и поефикасно ќе ги согорите вишокот масти во телото, доколку вежбате на гладно.
  12. Ќе имате подобар сон навечер.
  13. Ќе го намалите ризикот од појава на дијабетес.
  14. Ќе бидете многу попродуктивни и на работното место, но и во домот.
  15. Поверојатно е дека вежбањето ќе ви стане навика.

Доколку сакате да започнете со утрински тренинзи ние сме тука да ви помогнеме. Лоцирани сме во К.Вода (стара рампа).

Од 2-ри март формираме нова утринска група во вторник и четврток во 09.00 часот. 

Направете го вистинскиот избор за себе и за своето здравје и резервирајте си место на телефон: 071 273 982.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here