Негувана, сјајна и убава кожа е нешто на кое никој не останува имун. Негата на кожата е секојдневие за сите, а проблемите со акни, проширени пори, брчки и сл. се се почести.
Како да го одржите здравјето на кожата на природен начин и со природни препрати?
Доколку имате проблеми со проширени пори споделуваме со вас стар и проверен рецепт за подготовка на едноставен лосион кој може да ви помогне да го елиминирате проблемот со порите.
Потребни состојки:
- 15 g лист од рузмарин
- 10 g мјачина душичка
- 500 ml дестилирана вода.
Начин на подготовка:
Рузмаринот и мајчината душичка се потопуваат во дестилираната вода и се оставаат преку ноќ. Следното утро ставете ги билките и водата да оган да зовријат и оставете потоа да се олади. На крај процедете и ставете го лосионот во стаклено шишенце.
Чувајте го на темно и ладно место!
Начин на употреба:
После миењето на лицето наутро и навечер тампонирајте го со лосионот. За оптимални ефекти потребна е подолготрајна употреба.
Можеби ќе ве интересира:








