Home Рецепти Здрави десерти Здрави лимон бомбици

Здрави лимон бомбици

114
0

За овој здрав и исклучително вкусен десерт не е потребно да поседувате посебни кулинарски вештини. 🙂

Овие бомбици со одлична арома и вкус на лимон се подготвуваат навистина едноставно и брзо, а можат да бидат добар предлог за здрав десерт за кој било дел од денот.

Потребни состојки:

  • 100 g суви урми без семка (киснати во вода околу 30 минутни)
  • сок од еден лимон (или лимета)
  • 100 g непечени индиски ореви
  • 100 g ореви или бадеми
  • 100 g интегрални благи крекери
  • малку рендана кора од лимон.

Начин на подготовка:

Во блендер или сецко најпрво измелете ги интегралните крекери. Потоа продолжете со мелење на индиските ореви и оревите или бадемите и во таа смеса додадете ги урмите.

На крај додадете ги мелените крекери во смесата од мелени јатки и урми, и додадете го сокот од лимон, па потоа наросете и малку рендана кора од лимон.

Измешајте убаво со голема лажица и почнете да формирате топчиња. Од оваа количина на намирници можете да добиете околу 20 бомбици, но сепак тоа ќе зависи од нивната голема.

По желба можете да ги валкате во кокосови трошки, или пак да измелете уште 5-6 интегрални крекери и да ги валкате во нив.

Уживајте во вкусниот и здрав десерт! 🙂


Повеќе идеи за здрави десерти, можете да најдете тука.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here