Тренинзи
aеробик
Високо ефективен аеробен тренинг за намалување на масното ткиво и подобрување на кондицијата и координацијата во ритам. Аеробикот како кардио активност ќе ви помогне во ослободување од стресот и негативната енергија и ќе ве направи да се чувствувате посреќни и поисполнети.
Дознај повеќе
пилатес
Вежбите во овој тип на часови ги активираат сите мускулни групи. Со континуирано вежбање Пилатес ќе ги затегнете и тонирате мускулите, ќе ја зголемите флексибилноста и ќе го намалите масното ткиво.
MIX – 40 minutes
40 минутни ефикасни тренинзи за цело тело наменети за луѓе кои немаат време да вежбаат (кардио, табата, HIIT, вежби за тонирање, сила, мобилност и слично) – добивате месечен распоред што ќе се вежба.
TOTAL BODY MIX
Комбинирани тренинзи наменети да го активираат цело тело. Комбинација од кардио, вежби за сила, мобилност и флексибилност. Интензитетот на вежбите зависи од групата, вообичаено среден до висок интензитет. Вежбите се изведуваат со користење на повеќе фитнес реквизити и секој тренинг е различен.
dance aerobic
Овој тип на аеробик опфаќа кардио вежби кои се изедуваат со сопствената тежина, а се хармонично вклопени во dance кореографија на омилените поп и латино песни.
онлајн Пилатес микс 💻
Часовите се спој од аеробик/кардио вежби и пилатес движења, се работи цело тело и секој час е различен.
онлајн Пилатес за трудници 💻
Овој тип на часови се специфично наменети за трудници со модифицирани вежби кои се прилагодени за состојбата. Движењата и вежбите се безбедни да се изведуваат во бременост доколку мајката има нормална бременост.
Дознај повеќе
онлајн јога 💻
Хата Јога е најраспространет вид на Јога во западниот свет, па така и кај нас. Овој вид на Јога овозможува рамнотежа, баланс, хармонизација на позитивната и негативната енергија со која е исполнето се на нашата планета. Изведувањето на Асаните предизвикува длабоко физиолошко дејство врз мускулите, лигаментите и зглобовите…




