Многу често луѓето околу мене ме прашуваат што да јадат за вечера. Затоа решив почесто да споделувам вакви брзи предлози кои јас ги правам постојано.
Оваа салата е толку брза, а навистина е хранлива и нутритивно вредна. Одлична е и за ручек, но и за вечера.
Леќата е одличен извор на протеини, растителни влакна и железо.
Во 1 чаша леќа има:
- 323 калории
- 13.2 g масти
- 36.7 g јаглехидрати
- 14.5 g растителни влакна (од дневно препорачани 25 g)
- 3.2 g се шеќери
- 16.4 g протеини
- 6.1 mg железо (од препорачани дневно 18 mg)
Состојки за салатата:
- 1 чаша варена леќа
- неколку листови марула
- малку шампињони
- маслиново масло
- црн бибер, куркума, сол и лук.
Подготовка:
Леќата првин сварете ја на стандарден начин, но пред да ја варите покиснете ја барем 3-4 часа и фрлете ја таа вода па варете ја во нова.
Во тавче што не лепи ставете малку маслиново масло и насечкајте ги шампињоните. Кратко запржете ги.
Потоа во чинија измешајте ја марулата, печурките и шампињоните и додадете малку сол, куркума и лук.
Можете по желба да си додадете и 1 лажица павлака.
На здравје!








