Целулитот е без сомнение најголемиот проблем со кој се соочува скоро секоја жена. Околу 85% до 98 % од жените имаат проблеми со целулитот.
Што е целулитот?
Целулитот претставува наслаги од масно ткиво кое се собира на нозете и бутовите, на задникот, стомакот и на рацете. Се карактеризира со вдлабнатини и чворови на површината на кожата и затоа често се нарекува и “портокалова кора”.
Поточно целулитот претставува масно ткиво и токсини кои го слабеат сврзното ткиво меѓу кожата и мускулите при што се создаваат набори на самата кожа. На создавањето целулит најмногу влијаат хормоните, а клучен хормон е естрогенот. Хормоните покрај многуте улоги во организмот имаат и задача да даваат цврстина и еластичност на кожата. Тие ја регулираат циркулацијата на крвта и лимфата при што го потпомагаат и натрупувањето на масното ткиво. Покрај естрогенот, во создавањето целулит учествуваат и други хормони како адреналин, норадреналин, кортизол, како и инсулин, пролактин и тироидните хормони. Целулитот многу почесто се појавува кај жените отколку кај мажите.
На појавата на целулит влијае секако и исхраната, консумирањето на вода како и физичката активност.
Целулитот се јавува речиси кај секоја жена без разлика дали станува збор за личност со вишок килограми или не.
За ефикасно и трајно решавање на проблемот со целулитот мораме да пристапиме од повеќе аспекти.
5 чекори со кои ќе се решите од целулитот засекогаш
Целулитот е комплексен проблем кој не го предизвикува еден причинител, затоа за оптимални резултати најдобро е да пристапиме од повеќе страни.
- Промени во исхраната
Храната има многу големо влијание врз нашето здравје, но и врз изгледот на кожата. Замислете дека хранливите материи од храната треба да дојдат до секоја клетка во телото, вклучувајќи ја тука и кожата и да ја нахранат. Доколку внесуваме храна полна со празни калории, а сиромашна со нутритиенти, тоа ќе се “чита” и на нашата кожа. Дополнително трупањето на масното ткиво ќе биде потенцирано што ќе го влоши проблемот со целулитот.
Затоа трудете се да внесувате нутритивно богата храна, повеќе овошје и зеленчук, квалитетни протеини и масти и помалку јаглехидрати. Јаглехидратите го подигаат нивото на инсулин, а инсулинот стимулира депонирање на масни наслаги во масното ткиво.
- Доволно вода
Внесувањето на доволно течност во организмот е исто така од витално значење, со тоа ќе ја забрзате размената на материите. Внесувањето на доволно вода во организмот ќе спречи дехидратација и ќе ви помогне да ја одржите еластичноста на кожата.
- Физичка активност
Физичката активност помага за забрзување на метаболизмот и циркулацијата што може многу да помогне кога е во прашање целулитот. Исто така физичката активност помага за намалување на килограмите и поткожното масно ткиво што оди во прилог да се намали видливоста на целулитот.
- Пилинг за подобрување на циркулацијата
Пилингот е одличен начин за стимулирање на телесната и лимфната циркулација, а со тоа и намалување на целулитот.
Пилинг можете да си наравите и сами.
Измешајте во тегличка 1 лажица морска сол, 1 лажица кафеав шеќер, 1 лажица кафе и 2 лажици маслиново масло.
Три пати неделно за време на туширање со блага масажа правете си пилинг на зафатените места со целулит.
- Користете квалитетни и ефикасни креми/гелови за намалување на целулитот
Комбинацијата на сите погоре наведени техники заедно со квалитетен крем или гел за намалување на целулитот ќе даде неверојатни ефекти кои ќе бидат видливи за 1 месец.
Вообичаено сите креми и гелови за целулит се прават на база на кофеин кој стимулира лимфна и телесна циркулација, но Тиомуказе гелот е единствениот антицелулитен производ кој содржи ензим мукополисахаридаза. Овој ензим го размекнува сврзното ткиво и колагенот во поткожното масно ткиво и самото ткиво го прави попопустливо. Тоа овозможува полесна мобилизација на мастите и полесно нивно согорување.
Тиомуказе гелот видливо го намалува постоечкиот целулит, ја подобрува размената на материи во поткожното ткиво и ги намалува наслагите, ја зголемува еластичноста и тонусот на кожата.
Се нанесува на сува и чиста кожа два пати дневно после туширање со топла вода. Делотворен е кај сите облици на целулит.
Можете да го купите во било која подобро снабдена аптека.
Мојот ритуал за нега на кожата и елиминирање на целулитот е следен:
- Вежбам 6 пати неделно по минимум 1 час.
- Јадам здрава и балансирана храна.
- Пијам по 2 литри вода на ден.
- 3 пати неделно за време на туширање правам пилинг и блага масажа на најпроблематични места.
- Користам Тиомуказе гел два пати дневно во текот на целата година.
Резултатите од ова се неверојатни. Имам мазна и сјајна кожа без набори.
Има решение и за целулитот, само мора да бидеме упорни и конзистентни.
Оваа рутина јас не ја практикувам само 1-2 месеци пред лето, туку за време на целата година, затоа што грижата за телото и здравјето треба да биде постојана.













