Ова видео ви го ветив на Инстаграм пред некое време. Во видеото ќе видите како изгледа еден мој ден, и што јадеме најчесто за појадок, ручек и вечера.
Сакам да ви покажам на дело дека готвењето на балансирани и здрави оброци не е воопшто сложено и не бара толку многу време. Потребна е само желба, план и добра организација. 🙂
Ќе ми значи вашиот фидбек и затоа ќе ве очекувам со коментари дали ви се допаѓаат вакви видеа и што следно би сакале да снимам.








