Предлог за брз и здрав ручек или вечера: Полнети шампињони и свежа салата

Споделете со пријателите

Шампињоните содржат голема количина на протеини и железо, а имаат малку калории. Поради тоа тие се често консумирани од вегетаријанците и од луѓе кои страдаат од анемија. Дополнително печурките се одлични и доколку имате проблеми со шеќерот во крвта.

Шампињоните се корисни за подобрување на видот и зајакнување на коските, забите, кожата, косата и ноктите.

Растителните протеини што се содржат во шампињоните лесно се апсорбираат од телото и помагаат во разложување на заситените масти и шеќери, но го намалуваат и холестеролот.

Според количината на минерали, шампињоните се споредливи дури и со некои видови на риба.

Еве еден одличен и брз предлог за подготовка на шампињони:

Состојки:

  • 10 шампињони
  • малку мед
  • пармезан
  • неколку коцки кашкавал
  • сусам, сол, оригано (или зачини по ваш избор)

Начин на подготовка:

Најпрвин исчистете ги печурките и во секоја печурка направете убава вдлабнатина, потоа во внатрешноста додадете ги другите состојки. Ставете да се печат во рерна на 200˚С околу 10-12 минути и комбинирајте ги на крај со свежа салата.

На здравје!

Рецептот е на Елена Ѓорѓиевска.

https://www.instagram.com/p/CAf1VovnJgz/
Драгана Младеновска

Аеробик и пилатес инструктор, Сопственик на FitLife Fitness Studio, Магистeр по фармација и диететика.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *